Легендарниот фудбалски тренер и поранешен селектор на бразилската фудбалска репрезентација, 72-годишниот Луиз Фелипе Сколари, кој ја освои титулата на Мундијалот во 2002 година, по четвртипат во кариерата ја презеде тренерската позиција во екипата на Гремио.
Сколари потпиша нов договор со Гремио до декември 2022 година, а неговата цел ќе биде да го задржи статусот во првата лига. Гремио започна многу лошо оваа сезона, по осум кола се наоѓа на дното на табелата со само два освоени бода.
За време на претходниот престој на клупата на Гремио, Сколари освои една титула во Бразил, еден Куп и торфеј во Копа Либертадорес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА