Манчестер јунајтед го победи тимот на Јанг бојс со 1-0 и обезбеди пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите, но легендарниот фудбалер на овој клуб, Пол Сколс, воопшто не е импресиониран од играта на „црвените ѓаволи“. Сколс, кој работи како стручен аналитичар за „БТ Спортс“, јасно стави до знаење дека очекува многу повеќе од настапите на својот поранешен клуб.
„Искрено, мислам дека Јунајтед беше ужасен. Особено во второто полувреме.. ако играа против просечен тим ќе загубеа, да не кажам што ќе беше ако играа против добра екипа. Едвај преживеаја, им недостигаше квалитет на секој дел од теренот“ – изјави Сколс.
Тој упати и критики директно на адреса на Жозе Мурињо, посочувајќи го како еден од виновниците за големата криза.
„Мурињо е како папагал, секогаш повторува исти работи, колку трофеи има, како ја зел титулата во Лигата на Европа. Сите го научивме тоа напамет, но последен пат кога проверив фудбалот беше тимски спорт. Ако е тоа се уште така, не знам зошто Жозе секогаш ги повторува своите лични успеси“ – критичен е Пол Сколс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА