Сколс: Она што го прави Манчестер Јунајтед нема никаква логика

Поранешниот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Скоулс, призна дека е збунет од одлуката на клубот да се раздели со Расмус Хојлунд . Младиот напаѓач беше принуден да го напушти клубот од менаџерот Рубен Аморим , кој одлучи да го реорганизира својот тим ова лето.

Данскиот репрезентативец замина како позајмен во Наполи, каде што игра во одлична форма. Тој постигна четири гола на шест натпревари во сите натпреварувања под водство на Антонио Конте, докажувајќи им на многу критичари дека може да ги тресе противничките мрежи и покрај лошата форма во Премиер лигата.

„Погледнете го Расмус Хојлунд, 22-годишно момче кое дојде кога имаше 20 години. Единствениот централен напаѓач за Манчестер Јунајтед и сè беше на негови рамена, притисокот беше врз него и не можеше да се справи. Мораше да биде во и надвор од тимот. Мораше да има три или четири централни напаѓачи. И ова лето што направија? Го пуштија и купија друг, потполно ист! Каде е здравиот разум во тоа?“, прашува Сколс во подкастот „Добриот, лошиот и фудбалот“.

Се вчитува...