Легендата на Манчестер јунајтед, Пол Сколс го критикуваше својот поранешен клуб и неговиот тренер Ерик тен Хаг. По осмиот пораз во сезоната (2-0 на гостувањето кај Вест Хем) Сколс нагласи дека тоа што го покажуваат фудбалерите на теренот е недоволно.
Според него најголем проблем во таборот на „црвените-ѓаволи“ е тоа што екипата е безопасна пред противничкиот гол.
„Манчестер јунајтед има голем број проблеми, но дефинитивно најголем е за нив е постигнувањето на голови. Четири меча без постигнат гол, вкупно 381 минута, тоа е недозволиво. Во второто полувреме не се сеќавам дека голманот на Вест Хем мораше нешто да одбрани“, изјави Сколс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА