Словенецот Дамир Скомина, еден од најпознатите европски судии, реши и дефинитивно да оди во пензија. Главната причина за да се повлече од активното судење е повредата на коленото. Скомина нема да остане надвор од фудбалот долго време, затоа што наскоро седнува на директорското место во словенечкиот третолигаш Изола.
Во текот на кариерата, Словенецот судеше на Светското првенство во Русија и на Европските првенства и Олимписките игри, како и на финалето во Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Дамир беше судија на натпреварот во кој Барселона го забележа најубедливиот пораз во историјата, кога беше поразена од Баерн со 8-2 во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА