Скопјани се главни фраери во Битола (ФОТОГАЛЕРИЈА)

И второто скопско-битолско полуфинале во ракометниот Куп на Македонија во салата „Младост“ во Битола, заврши со победа на гостите од Скопје. Металург неочекувано лесно го совлада Еурофарм Работник (28-21) за скопско финале против Вардар во борбата за престижниот пехар. Откако претходно, вардарци го оставија Пелистер на -19 (46-28).

Иако во Еурофарм Работник посакуваа повторување на ланската сеозна кога го играа првото финале во Купот, а битолската публика очекуваше барем еден од „домашните“ во завршниот меч, сепак на крај Вардар и Металург ја потврдија фаворитската улога. Па, утре на среде Битола, скопјани ќе играат за титула во Купот.

 

Се вчитува...