Еурофарм Пелистер славеше со убедливи 17-32 на гостувањето против Скопје, резултат со кој избраниците на тренерот Бабиќ рутински прокнижија нови бодови на суперлигашката табела во пресрет на дебито на СЕХА-лигата и гостувањето во Белград против Партизан.
Домашните ракометари изненадија со одлично издание во првото полувреме, во кое Скопје целосно му парираше на големиот фаворит, на одмор заминувајќи со само еден гол негатива (13-14). Пресудна беше неверојатната игра во одбрана на Еурофарм во второто полувреме, па така домаќините дури 21 минута беа без постигнат гол (тринаесеттиот го постигнаа во 28. минута, а четиринаесеттиот во 49. минута од мечот). Во овој период битолчани реализираа бројни погодоци, стигнувајќи до двоцифрена предност за убедлива победа.
Ненад Костески ги предводеше стрелците на Еурофарм Пелистер со шест погодоци, додека во таборот на Скопје најефикасни беа Киселовски и браќата Филип и Александар Василевски со по три гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА