Од денеска па се до недела на лизгалиштето при СЦ „Борис Трајковски“ ќе се одржи седмото издание на „Скопје ајс фестивал“, на кој домаќин ќе биде тимот на Металург.
Хокеарите на Металург се единствени македонски претставници, а на турнирот кој ќе се игра на лизгалиштето при СЦ „Борис Трајковски“ ќе учествуваат уште и екипите на Торпедо Букурешт (Романија), Спартак Суботица (Србија) и Славија Софија (Бугарија).
Турнирот се отвора денеска со почеток од 18:30 часот со меч меѓу Металург и Торпедо, по што во 20 часот силите ќе ги одмерат Спартак Суботица и Славија Софија. В сабота ќе играат Софија и Букурешт (9:00 часот), односно Спартак Суботица и Металург (10:30 часот), додека последниот ден ќе биде в недела и на мегдан ќе одат Торпедо и Спартак Суботица (9:00 часот), како и Металург и Славија Софија (10:30 часот).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА