Македонската метропола во прекрасно издание блесна утрово, кога на стартот на Скопскиот маратон се појавија повеќе од 10.000 учесници. Рекреативците горди поради учеството, а полумаратонците и маратонците одважни дека нивната километража е сепак – профи дестинација. Стартот го означи светската рекордерка Пола Редклиф, која и самата учествуваше на трката на 5 километри, давајќи уште поголема тежина на големиот спортски настан.
Од година в година, Скопскиот маратон добива се поголем број приврзаници, а убавината, среќата и сеирот се тука само како дополнение за комплетниот впечаток. Нека следниот маратон ни биде уште помасовен, поубав и повесел…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА