Скопје домаќин на Европското првенство за средни училишта во кошарка

Скопје за првпат е организатор на Европско првенство за средни училишта во кошарка.

Агенција за млади и спорт како главен покровител на настанот организираше прес конференција на која го најави натпреварувањето на кое освен четиририте најдобри македонски тимови во женска и машка конкуренција настапуваат и најдобрите 200 средношколци од шест држави.

„Училишниот спорт е темелот односно основата од каде од масовност произлегува квалитет. Натпреварите во училишниот спорт се место од каде произлегуваат и се препознаваат спортски таленти, и од таа причина Агенцијата за млади и спорт дава посебна поддршка во сите активности во организација на ФУСМ!“ – истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски.

Федерацијата на училишен спорт е главен организатор на настанот. Европското првенство стартува денес, и ќе трае до 17. јуни, а ќе биде искористено за запознавање на културно историските и туристички знаменитости на градот.

Се вчитува...