МОК домаќин на Семинарот на ICMG

Македонскиот олимписки комитет информира дека Семинарот на ICMG ќе се одржи од 8 до 10 ноември во Скопје.
„Семинарот на ICMG ќе се одржи во Скопје во конференциската сала на Македонски Олимписки комитет од 8 до 10 ноември 2024 година и ќе биде посветен на резултатите од Медитеранските игри на плажа (MBG) Хераклион 2023. Клучните дискусии ќе опфатат напредок во спортската технологија и планирање на идните игри, вклучувајќи преглед на Портимао & Лагоа 2027 и Таранто 2026. Настанот ќе заврши со форум за соработка помеѓу НОК и МФ, проследен со официјална вечера за одбележување на достигнувањата и идните цели на Медитеранските игри на плажа“, стои во соопштението на МОК.

Се вчитува...