Скопје домаќин на врвниот таеквондо Г1 турнир со учество на 40 земји од светот

Светски таеквондо сили како Британија, Кина, Шпанија, Франција, Италија и уште 35 држави ќе учествуваат на еден од најголемите спортски настани во Македонија во последниве години, „Скопје ОПЕН Г1“.

„Скопје ОПЕН Г1“ е турнир со висок ранг, каде се освојуваат бодови за олимписка норма, вистинска можност Македонија конечно да биде домаќин на врвен спорт од светски калибар.

Турнирот е во организација на ТК Бутел, Македонската таеквондо федерација и ТК Рамус, а генерален поддржувач на настанот е Владата на Република Македонија.

„На 4 и 5 април, во спортскиот центар „Борис Трајковски“, дојдете да ги бодриме нашите најдобри таеквондисти! Свеченото отворање ќе се одржи на 4 април“ – порачаа од Македонската таеквондо федерација.

Се вчитува...