Скопје е „тврд орев“ за секој противник – Ренова среќна што замина и со бод од Автокоманда (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Скопје игра се подопадлив фудбал во елитното друштво изненадувајќи добар дел од фаворитите, покажувајќи дека може да се надигрува буквално со секој тим во лигата.

Така беше и денеска во ремито без голови со Ренова на Автокоманда. Скопјани беа далеку подобар противник создавајќи бројни шанси пред голот на противникот, па „гипсарите“ на крајот може и да бидат задоволни што си заминаа и со бод од главниот град.

 

Се вчитува...