Вардар го доби јубилејното 100-то градско дерби, триумфирајќи со 3-1 по пресврт против Работнички во 7. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Работнички поведе уште во 7. минута од средбата навестувајќи интересен натпревар.
Трајков одлично повлече по левата страна, проигрувајќи го пред голот на домашните Имери кој од околу 12 метри погоди за 0-1…
Вардар потоа целосно доминираше на теренот, не искористи серија убави можности преку Мато, Данев и Омерагиќ, но на крај израмни од сомнително досуден пенал со деби-голот на репрезентативното засилување Давид Бабунски.
Во 40. минута по шутот од десната страна, според главниот судија Игор Стојчевски, Демири при блокирањето на топката играше со рака. Сомнителна ситуација за која и од ВАР-собата, по проверката, потврдија дека се работи за пенал. Успешен реализатор од белата точка беше Давид Бабунски.
Во второто полувреме, во 57. минута оправдано досуден втор жолт картон и исклучување за капитенот на Работнички, Демири, поради груб старт, кое го доведе Вардар во квантитативна предност на теренот.
Сето тоа избраниците на Гоце Седлоски умешно го искористија веќе во 59. минута кога со голот на Кастењада.
А, потоа Мато во 69. минута погоди мајсторски од непосредна близина за конечни 3-1.
Шеста победа за Вардар досега во сезоната за враќање на лидерското место на табелата, во очекување на утрешниот дерби дуел меѓу Силекс и Струга во Кратово.
ПМФЛ – 7. КОЛО
Тетово: ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ 1-0
Скопје: ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 3-1
ВЧЕРА
Скопје: ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-2
УТРЕ (понеделник, 15:30 ч.)
Струмица: АП БРЕРА – АРСИМИ
Кратово: СИЛЕКС – СТРУГА
ВТОРНИК (23.09 – 15:30 ч.)
Битола: ПЕЛИСТЕР – БАШКИМИ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА































