За 14 дена ќе започне долгоочекуваниот УЕФА Суперкуп 2017 на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје. Град Скопје детално се подготвува за овој голем настан и деновиве градот блесна во својот Суперкуп сјај.
Покрај подготвеното информативно видео и бројните активности кои се планирани за верните навивачи на двата фудбалски клубови, скопското Кале се осветли во официјалните бои на УЕФА Суперкуп. Со веќе поставените билборди и знамиња, градот дополнително ќе биде разубавен каде со својот нов изглед истиот се очекува да ги надмине очекувањата на сите за претстојната еуфорична атмосфера за време на натпреварот. Скопје со нетрпение очекува победникот на Лигата на шампионите, Реал Мадрид, и победникот на Лига Европа, Манчестер јунајтед, да ги одмерат силите за престижниот УЕФА Супер Куп 2017.
Град Скопје ја организира „неутралната фан зона“ која ќе биде лоцирана на плоштад „Македонија“. Во оваа зона ќе се организираат голем дел од предвидените активности и ќе биде овозможена богата музичка програма со познати изведувачи и диџеи. За оваа зона интерес покажаа четири од осумте официјални партнери на УЕФА, интерес кој досега се нема случено на друг Суперкуп. На 7. и 8. август активностите и музичката програма ќе започнат во 11 часот и ќе траат сè до 19 часот.
ФФМ и Град Скопје во пресрет на УЕФА Суперкупот 2017 со заеднички сили се претставија како едни од најголемите амбасадори на Македонија, со вложените напори и организација, главниот град да се претстави во вистинско светло за време на еден ваков голем спортски настан кој за прв пат се оддржува во државата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА