Ракометарите на Скопје откако 13 натпревари не можеа да стигнат до победа во Суперлигата, сега во два меча остварија исто толку победи. Откако во претходното коло беа подобри од Радовиш, сега успеаја на гостински терен да го изненадат фаворизираниот Прилеп совладувајќи го со 26-27.
Целиот натпревар помина во егал игра, а на крајот повеќе сконцентирани и повеќе среќа имаа гостите од Скопје. Леонид Киселовски со шест гола беше најефикасен поединец во таборот на победникот, додека кај поразените не беа доволни 11 гола на Реваз Чантурија.
Со овој триумф Скопје се оддели на претпоследната позиција од Радовиш со шест бода, додека Прилеп останува деветти со 15 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА