Заврши годинашното издание на „Илинден Куп“, кое изминатите три дена се одржуваше на терените во Марино, Кадино и Илинден, a во организација на Фудбалска школа Грозданоски. По сумирањето на вкупните впечатоци, веќе и дефинитивно е јасно дека Скопје и Македонија добија нов спортски бренд како своја гордост, нова фудбалска манифестација која претставува најдобар собир на најголемите млади таленти во регионот.
На „Илинден куп 2025“ оваа година учествуваа 217 екипи од 74 клубови од десет европски земји, меѓу кои и Андерлехт, Бриж, Црвена Звезда, Партизан, Динамо Загреб, Бешикташ, Фенербахче, Брашов, Национал Софија, но и сите најдобри домашни клубови, што само по себе е доволен показател за квалитетот на турнирот кој веќе ги надминува и регионалните рамки.
Наградите за најдобрите денеска на терените на ФШ „Грозданоски“ во Марино, ги доделија градоначалникот на Илинден, Александар Георгиевски и легендарниот македонски фудбалер Илија Најдоски.

НАЈДОБРИТЕ ЕКИПИ НА „ИЛИНДЕН КУП 2025“
генерација 2013 година: Тампа Кидс Брашов (Романија), ФШ Грозданоски, Еурoспорт Куманово
генерација 2014 година: Партизан (Србија), Брегалница Штип, Еуроспорт Куманово
генерација 2015 година: Форца, Национал Софија (Бугарија), Андерлехт (Белгија)
генерација 2016 година: Динамо Загреб (Хрватска), Црвена Звезда (Србија), Бриж (Белгија)
генерација 2017 година: Еуроспорт Куманово, Аеродром, Јанг Тим Струга
генерација 2018 година: Црвена Звезда (Србија), Мондано Скопје, Тампа Кидс Брашов (Романија).
„Илинден Куп 2025“ оваа година се одржа по третпат. Станува збор за еден од најдобро организираните турнири во регионот, нов препознатлив турнир и во европски рамки, на кој настапија исклучително силни екипи од голем број држави од Европа. На него продефилираа идни таленти кои ќе продолжат по патот на фудбалот со цел еден ден да го исполнат својот сон, да играат за големи клубови но и да го носат дресот со државниот грб на својата земја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА



































