По три меѓународни натпревари во младинска категорија и Европско првенство во категорија до 21 година, Македонија ќе биде домаќин и на елитниот светски турнир во сениорска конкуренција „World Table Tennis Contender Skopje 2025“ кој од 9. до 15 јуни следната година ќе се одржи во нашиот главен град.
Ова е уште едно големо признание за Пинг-понгарската федерација на Македонија затоа што влегува на мапата на светски натпревари во сениорска категорија, односно онаа најпопуларна за светската пинг понг публика.
На официјалната веб страница на светскиот пинг-понг денеска беше објавен датумот за одржување на натпреварот и со тоа започна пријавувањето на истиот кој е отворен за повеќе од 100 учесници.
Натпреварувачите ќе настапуваат во поединечна категорија, мажи и жени, во двојки и мешани двојки.
Од 9. до 15. јуни следната година во Скопје се очекуваат голем број на високорангирани светски играчи, а за пинг-понг публиката ова ќе значи ново доживување – во живо да се следат натпреварите на најдобрите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА