Скопје на нозе, рекорден број маратонци низ улиците (фотогалерија)

Улиците на Скопје рано утрово беа исполнети со над 14.000 луѓе, рекорден број на учесници на Скопскиот маратон. Оваа традиционална манифестација од година во година собира се повеќе тркачи, од кои голем дел учествувааат на трката на 5 км, но значителна бројка се решава и за предизвикот наречен – полумаратон или маратон низ улиците на Скопје.

Декорот и денеска беше прекрасен, Скопје уште еднаш се покажа како одличен домаќин на една масовна спортска манифестација која расте од година во година…

Погледнете ги фотографиите од самиот старт…

Се вчитува...