Се одигра некомплетното 3. коло во Втората македонска лига, во кое на дербито во Автокоманда немаше победник и заврши 2-2. Скопје имаше предност од 2-0 во дуелот со Шкендија Арачиново, но гостинот со два гола успеа да дојде до еден бод.
Беласица на гостувањето во Големо Коњари славеше триумф од 1-7. Струмичани може да слават и поубедливо, но не искористија дел од многуте шанси. Гостинска победа запиша и тимот на Кожуф, кој славеше во Македонска Каменица кај Саса со 1-3. Детонит ја победи Слога Виница со 1-0.
Новаци на свој терен го совлада тимот на Вардар Неготино, а Охрид како домаќин го победи Осогово со 2-0. Катастрофа доживеа тимот на Победа која загуби на гостувањето кај Преспа со 5-0.
ВМФЛ, 3. КОЛО
РЕЗУЛТАТИ:
СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА 2-2
ОХРИД – ОСОГОВО 2-0
ПРЕСПА – ПОБЕДА 5-0
НОВАЦИ – ВАРДАР Н. 3-2
САСА – КОЖУФ 1-3
Г.КОЊАРИ – БЕЛАСИЦА 1-7
ДЕТОНИТ – СЛОГА В. 1-0
БРЕГАЛНИЦА – ТЕТЕКС (понеделник, 16:00 ч.)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

