Скопје подобар од Радовиш, Прилеп го освои Куманово

Со натпреварите меѓу Скопје – Радовиш и МРК Куманово – РК Прилеп се заокружи првиот дел од ракометната Суперлига на Македонија.

Со првиот меч од денешната понуда Скопје славеше на домашен терен против Радовиш со 28-24. Уште по првиот дел домаќините стигнаа до четири голови предност (16-12) кои успеаја да ги задржат до самиот крај за конечен триумф од 28-24. Велимир Грујовски со седум голови беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените ист број погодоци постигна Ангелче Органџиев.

Во вториот натпревар кој немаше резултатско значење Прилеп славеше на гостувањето кај МРК Куманово со 27-29. Давор Шокоски со седум погодоци беше прво име кај победникот, додека по пет погодоци кај поразените постигнаа Мрвовиќ, Постоловски и Даневски.

Се вчитува...