Екипата на Скопје загуби на гостувањето во Косово на пријателскиот натпревар со косовскиот прволигаш Феризај.
Домаќините победија со 2-1 на натпреварот на кој сите три погодоци паднаа во првото полувреме. Феризај поведе со 2-0 со головите на Панадиќ во 20. минута и Садриу во 40. минута, а Џејмс пред финишот на полувремето постигна гол за Скопје за 2-1.
Во второто полувреме македонскиот прволигаш имаше неколку убави можности и за реми, но не успеа да ги искористи своите шанси непоразен да се врати од гостувањето во Косово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА