Скопје заработи два црвени картони за само четири минути, Шкендија има предност на полувремето (ВИДЕО)

Шкендија има предност од 1-0 на полувремето против Скопје во заостанатиот натпревар од 1. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Дуелот кој се игра во Струга, поради суспензијата на теренот во Тетово, сепак е одбележан од двата црвени картони во таборот на скопјани.

Во само четири минути фудбалерите на Скопје заработија две исклучувања. Најпрво, Ристовски во 33. минута стартуваше врз Гонсалвес кој беше во шанса за гол и доби директен црвен картон. Во 35. минута капитенот на Скопје, Христијан Кировски доби жолт картон за приговор, а веќе во 37. минута поради старт врз домашниот фудбалер доби и втор жолт картон и исклучување.

Шкендија, пак, до предноста од 1-0 дојде со голот на Бразилецот Вагнер Гонсалвес уште во 6. минута од средбата, кој убаво изведе слободен удар од 20 метри.

Се вчитува...