Манчестер јунајтед како освојувач на Лигата на Европа ја имаше можноста прв да го проба теренот на „Телеком Арена“ во пресрет на утрешниот дуел од Суперкупот против европскиот првак Реал Мадрид.
„Црвените ѓаволи“ делуваа максимално опуштени, свесни дека во утрешниот дуел најголем влог е престижот, да се излезе како победник од пресметката на двата европски гиганти. Пол Погба, Ромелу Лукаку, Давид де Хеа… беа само дел од ѕвездите на „ѓаволите“ од Манчестер кои попладнево го почувствуваа теренот во Скопје, но воедно и се обидоа да се адаптираат на високите температури кои се предвидуваат и за време на утрешниот натпревар.
[new_royalslider id=”728″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА