Двете македонски екипи кои се натпреваруваат во регионалната АБА лига, МЗТ Скопје и Карпош соколи, во изминатото 18. коло забележаа убедливи победи над Задар со 92-65 односно над Цибона со 76-70.
Во редовите на македонскиот актуелен шампион, уште еднаш, лидер беше Џош Скот со индекс на ефикасност од 29 кој се должеше на 18 поени, седум скокови, три асистенции и две блокади. Покрај кошаркарот на МЗТ Скопје во петорката на колото се најде и одличниот Кендрик Пери кој ги организира нападите на Карпош соколи. Плејмејкерот имаше индекс на корисност од 28 кој се должеше на 20 поени, шест асистенции, четири украдени топки, пет скокови како и една блокада.
Најкорисен играч на изминатото коло е Лука Бабиќ од Цедевита, а покрај пери и Скот во идеалната петорка се најдоа и Ентони Болден од ФМП како и Ламонт Џонс од Морнар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА