Тренерот на велшкиот шампион ТНС, Скот Раско сосема очекува е разочаран од изданието на неговите фудбалери во првиот натпревар од 1. квалификациско коло за Лигата на шампионите.
Велшаните загубија убедливо со 5-0 од Шкендија која веќе сосема извесно цврсто чекори кон следната рунда натпревари во Лигата на европските шампиони.
„Шкендија беше подобар тим. Ова беше еден навистина интензивен меч, ние париравме додека можевме, но потоа имавме многу проблеми во одбраната. Во Велс сигурно нема да повториме вакво лошо издание. Во секој случај јасно е дека Шкендија е на извесен пат кон следната рунда“ – истакна Раско на прес-конференцијата по натпреварот на „Филип Втори“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА