Скоти Вилбекин нема да му биде на располагање на Фенербахче. Бекот на турскиот состав го повреди коленото на натпреварот против Армани, а по прегледите е утврдено дека отсуството ќе биде најмалку две недели по што ќе следи нова процена на повредата.
Американецот со турски пасош оваа сезона бележи просек од 11.1 поен и 2.6 асистенции со што неговото отсуство ќе биде голем проблем за тимот предводен од Димитрис Итудис.
Фенербахче со скор од 17 победи и 12 порази се бори за место во разигрувањето за пласман на завршниот турнир. Во моментот се наоѓа победа пред Макаби и Партизан, односно две пред Басконија и Жалгирис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА