Скриените таленти на Волкот и на Балотели

Најголемиот дел од фудбалерите вообичаено велат дека имаат голема среќа што професијата им е и главно хоби. Но, некои од нив имаат и други таленти кои за јавноста се повеќе од изненадувачки. На оваа листа дефинитивно предничат, Тео Волкот, Марио Балотели и Даниел Агер.

Тео Волкот е автор на книги за деца. Играчот на Евертон досега има објавено четири книги од серијата „ТЈ и …..“. Tој имаше само 21 години кога ја објави првата книга во 2010 година.

Само еден поглед на Даниел Агер е доволен да се забележи неговата фасцинација со уметноста на цртање по тело. Поранешниот фудбалер на Ливерпул е сертификуван тату-артист кој бизнисот интензивно го рекламира на социјалните мрежи повикувајќи ги фановите да дојдат кај него за тетовирање. По завршувањето на фудбалската кариера на 31 година, Агер комплетно и се посвети на работата како артист за тетоважи.

Можеби еден од поголемите шокови е Марио Балотели. Контроверзниот италијански интернационалец низ кариерата направил толку работи што јавноста веќе речиси ништо не ја изненадува. Но, свирењето пијано е спротивно од се што од него би можело да се очекува.

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...