Македонскиот интернационалец Андреј Јакимовски и неговиот Вашингтон Стејт ја забележаа осмата победа во НЦАА лигата откако во деветтото коло славеа со убедливи 83-65 против Грамблинг Стејт.
Јакимовски натпреварот го заврши со само три постигнати поени при скромна реализација (1/5 во обидите од поле), а додаде и пет скокови и две асистенци.
Вашингтон Стејт е во серија од шест победи во низа и во моментот го завзема второто место во Пацифк-12 конференцијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА