Халанд ги покажа фудбалските квалитети и на плажа во Марбелја (ВИДЕО)

По крајот на репрезентативните обврски со Норвешка, Ерлинг Халанд со мислите се насочува кон Манчестер Сити, тим каде ќе ја продолжи својата карирера во следната сезона.

По промоцијата и презентацијата на „Етихад“, Халанд се упати кон Шпанија и ужива во рајските места за летен одмор во оваа земја, а последно бил уловен на Марбелја и ги воодушевил присутните на плажата.

Имено, Халанд без проблеми им се придружил на млади момчиња во играта „без да падне“, па откако ја покажал својата техника дополнително бил и воодушевен од талентот што го презентирал еден од присутните.

Видеата од Халанд како безгрижно се дружи со момчињата на плажата е уште еден доказ дека не се однесува како голема фудбалска ѕвезда, туку како обичен фудбалски вљубеник кој користи време да се занимава со топката дури и кога е на одмор.

 

 

 

Се вчитува...