Скромниот Перо Антиќ – МВП наградата ја подели со соиграчите

На Перо Антиќ не му требаше многу време за да се наметне како лидер во „реновираниот“ тим на Црвена звезда, во кој македонскиот ветеран е продолжена рака на теренот на тренерот Алампијевиќ. Навивачите знаат да ги ценат квалитетите, но пред се лидерските способности на Македонецот, кој беше избран за МВП кошаркар на „црвено-белите“ за месец ноември.

Антиќ не го криеше задоволството од наградата, но исто така и ја покажа својата скромност, посочувајќи дека подобри игри од него месецов покажаа Милко Бјелица и Американецот Рочести, кои според Антиќ повеќе ја заслужуваат наградата.

Се вчитува...