За да се добие Барселона треба да се најде решение за „трчањето“ на Барселона. Да се принуди да игра на поствена одбрана затоа што играчите на каталонскиот тим се доминантни во ситуација кога противниот прави грешки во нападот, вели Штас Скубе кој во првата сезона во Вардар ќе се обиде да дојде до трофејот во Лигата на шампионите.
„Најголемиот проблем е тоа, мора да се сведат на минумин бројот на техничките грешки во нападот. Тие ја користат секоја грешка со лесен гол. Се виде и натпрварот кај нив сезонава. Бевме „топ“ во првото полувреме, но во вторто, црни 8-9 минути, не знаеш ни каде си ни што си и плус 9 за Бараселона. Тоа ќе биде наша главна тема да бидеме добри во напад да ја оневозмжиме нивната брза транзиција и да мораат да играат на поставена одбрана. Тоа ни е шансата“ – вели словенечкиот репрезентативец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

