Скудетото му се „смешка“ на Милан: „Росонерите“ непоразени на 13 меча со девет „чисти“ мрежи

Екипата на Милан ја продолжи серијата без пораз, која трае 13 натпревари. Тимот на Масимилијано Алегри го победи Лацио со 1-0 во рамките од 13. коло во Серија „А“. Главниот тренер на „росонерите“ беше исклучен пред крајот на натпреварот поради расправија со судијата.

Последен пат кога Милан загуби беше во првото коло, кога Кремонезе ги шокираше „црвено-црните“ победувајќи ги со 2-1.

Од тогаш, Милан има девет победи и четири нерешени средби. Она што е најважно е тоа што мрежата на Мањан беше чиста во деветте од 13 натпревари.

Милан и Лацио повторно ќе се сретнат на 4. декември, кога ќе играат во Купот на Италија.

Се вчитува...