Стадионот во Гдиња вечерва нема да биде исполнет за дуелот меѓу младинските селекции на Шпанија и на Македонија, поради слабиот интерес што владее во овој полски град за Европското Првенство. Како што информираа организаторите, досега се продадени помалку од една третина од билетите, или поточно 4.500 билети за стадионот кој е со капацитет од 15.500 места.
„Нашите очекувања се во следните неколку часа да се продадат уште околу 4.000 билети“ – информираат од билетарницата пред самиот стадион, прогнози што во секој случај се преоптимистички, ако се знае дека во претходните денови беше објавено дека билети се делеле и по основните училишта во Гдиња, каде исто така интересот не бил преголем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА