ЕКИПА во Дебрецин,
Стеван Цаневски
Македонските навивачи минаа повеќе од 12 часа за да пристигнат во Дебрецин, но сега се соочија со нови проблеми пред арената „Феникс“, каде повеќе од половина час чекаат да им биде дозволен влез во салата.
Иако имаат билети и ги поседуваат сите документи за влез, лошата организација придонесе да се создаде мешаница поради индивидувалното проверување за ковид-протоколите.
Како што стојат работите, над стотина македонски фанови со задоцнување ќе влезат во „Феникс“ и нема да можат од почеток да им дадат поддршка на своите миленици.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА