Слаба партија на Јокиќ во поразот на Денвер во дербито против Оклахома (ВИДЕО)

Кошаркарите на актуелниот шампион Оклахома сити тандер славеа на гостувањето кај Денвер нагетс со 111-121 во дербито на вечерта во НБА лигата.

Шај Гилџс Александер беше прво име во победничкиот табор завршувајќи го натпреварот со 34 поени. Кај поразените слаба партија имаше Никола Јокиќ кој го одигра својот втор меч по паузата поради повреда завршувајќи го натпреварот со 16 поени.

Пораз доживеаја и Лос Анџелес лејкерс кои загубија на гостувањето кај Њујорк никс со 112-100.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Бостон – Милвоки 107-79, Детроит – Бруклин 130-77, Мајами – Чикаго 134-91, Торонто – Јута 107-100, Вашингтон – Сакраменто 116-112, Феникс – ЛА Клиперс 93-117, Сан Антонио – Орландо 112-103 и Портланд – Кливленд 111-130.

Се вчитува...