Рафиња стрелаше прецизно во мрежата на Зомер во 87. минута и се чинеше дека тој погодок ќе ја одведе Барса во големото финале од Лигата на Шампионите.
Воедно, со тој гол бразилскиот ас стигна до вкупно 21 учества во погодок (13 гола и 8 асистенции), успевајќи да го израмни неверојатното достигнување на Кристијано Роналдо, кој е единствениот со ваква бројка од формирањето на Лигата на Шампионите.
Португалецот тоа го стори во сезоната 2013/14 кога имаше 17 гола и 4 асистенции, на Рафиња му појде од нога единаесет сезони подоцна, но сепак се покажа недоволно за каталонците да се пласираат во големото финале.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

