Слабо дерби во Премиерлигата: Арсенал и Ливерпул без „муниција“ на Емирати

Дербито во Премиерлигата кое се одигра на Емирати помеѓу Арсенал и Ливерпул, не ги оправда очекувањата барем според шансите и головите. Головите ги немаше, а шансите многу малку, па така двата тима освоија по еден бод.

Иако се очекуваше спектакуларно дерби, сепак, мина само со многу борба на средината на теренот, многу дуели и жестоки стартови, но недостасуваа прилики пред двата гола.

Најсериозната шанса ја имаше Ливерпул преку Бредли кој ја погоди пречката во 27. минута од средбата. Во вториот дел Собослаи се закани, но топката мина само крај дирекот. Лидерот на табелата Арсенал преку Габриел можеше да дојде до гол во судиското надополнување.

Арсенал ја задржа предноста од шест бодови пред Манчестер Сити и пред Астон Вила на табелата.

Се вчитува...