Слабо полувреме во Битола, на теренот многу тактика, на трибините многу пиротехника

Првото полувреме помеѓу Пелистер и Вардар, кое е историско од гледна точка на тоа дека е прво под рефлектори, мина слабо, со многу тактика.

Пелистер беше опасен со неколку полушанси, но не успеа да го загрози сериозно Гачевски. На друга страна Закариќ имаше добра прилика за „црвено-црните“, но неговиот лоб удар заврши над пречката.

Имаше и еден спорен момент на стартот, кога Омерагиќ уфрли во шеснаесетникот, топката удри во еден играч на Пелистер, Вардарци бараа игра со рака, но судијата Качевски не се огласи. 

На трибините се води вистинска „војна“ меѓу двете навивачки групи. Некаде кон средината на полувремето дојдоа и „Комитите“, па сега дербито е во полн сјај. Имаше и многу пиротехника, но навреме реагираа службените лица.

Се вчитува...