Слабо прво полувреме, Македонија остана без Елмас и без водство во финишот

Во целина, слабо прво полувреме на Националната Арена „Тодор Проески“ во кое Македонија и Летонија играат без голови. Две шанси имаше Летонија, една Македонија, и тоа беше се што видовме од шансите. Главно се играше на средината на теренот, Македонија имаше иницијатива, но не успеваше да пробие, се до финишот кога ја имаше најдобрата шанса преку Алими.

Прва закана 11 минута Чурлинов со глава по нафрлена топка на Алиоски, но само крај голот. Најдобрата шанса за Летонија дојде во 15 минута кога по одбиената топка од Димитриевски, Савајниекс не го погоди празниот гол, и шутираше само во надворешниот дел на мрежата.

Шок за македонскиот национален тим беше измената на Елиф Елмас, кој мораше да го напушти теренот во 24 минута, поради повреда.

Следуваше нова шанса на Савајниекс кој по една добра акција, имаше лоша завршница и шутираше само над голот.

Најдобрата шанса на мечот во првиот дел, сепак, ја имаше Македонија. Исник Алими убаво се ослободи од одбраната, и шутираше, но голманот Матревич успеа да одбрани и така на полувреме да мируваат мрежите. Македонија играше слаби 40 минути, но некако „живна“ во последните пет кога ја имаше и најдобрата прилика за предност.

Се вчитува...