Еден од најдобрите македонски асистент фудбалски судии, интернационалецот Слаѓан Марковски, доби убаво признание од судиската комисија на УЕФА. Тој заедно со 6 главни и 12 помошни судии ќе биде дел од Европското првенство за млади фудбалери до 19 години што ќе се одржи од 15 до 29 јули во Белфаст во Северна Ирска.
Минатата година Марковски беше асистент судија на финалниот меч на Регион европски куп што се одигра во Галиција во Шпанија на кој остави одличен впечаток со својата арбитража како асистент судија.
Во Белфаст ќе настапат осум репрезентации од Европа поделени во две групи. Во А групата ќе играат: С.Ирска, Италија, Норвешка и Украина, во Б групата Данска,Турција,Франција и Шпанија.
М.М
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА