„Слаломот“ на Сон – гол на сезоната во Премиер-лигата (видео)

Сон Хеунг Мин е стрелец на најубавиот гол во изминатата премиерлигашка сезона, беше објавено денеска. Станува збор за ремек-делото на корејскиот офанзивец на дуелот против Барнли, кога Сон ја зеде топката на работ на сопствениот шеснаесетник и со неверојатен „слалом“ се ослободи од неколку противнички фудбалери пред да го матира голманот Поуп.

Се вчитува...