Слаломска победа за Хиршер во Залбах

Марсел Хиршер потфрли во неговата најдобра дисциплина, велслаломот, но затоа забележа слаломска победа во Залбах. Тој беше најдобар на денешната трка од Алпскиот светски скијачки куп во  најтехничката дисциплина и со тоа уште повеќе ја зголеми предноста пред конкиурентите во генералниот поредок.

Австриецот имашпе две најбрзи возења и триумфираше пред Швајцарецот Лоик Милар. Третото место му припадна на норвешкиот скијач Хенрик Кристоферсон кој ја продолжи успешната слаломска серија и врза 11 последовни трки на кои бил на подиумот во оваа дисциплина.

Марсел Хиршер со победи на двете досегашни слаломски трики од сеозната води во поредокот во дисциплината. Во вкупниот пласман има нешто помалку од 300 бода пред најблискиот конкурент, Кристоферсон.

Светскиот куп прдолжува во итлаијанската Мадона Ди Кампиљо каде в сабота ќе се вози повторно слалом.

Се вчитува...