Марсел Хиршер ја зголеми предноста пред конкурентите и во трката за големиот кристален глобус во Алпскиот светски скијачки куп како и во поредокот за слалом по победата во најтехничката дисциплина на трката на Слјеме во близина на Загреб.
Хиршер имаше втор резултат по првото возење, а лидерот Марко Шварц не ја заврши втората трка по што доминацијата на Австриецот беше уште повпечатлива. Тој имаше за 40 стотинки подобар резултат од второпласираниот Французин Алекси Пинтуро, а за 42 стотинки беше побрз од сонародникот Мануел Фелер кој заврши на третото место.
По 18 од 41 трка во сезоната, Хиршер има 335 бода повеќе во однос на Хенрик Кристоферсон. Во пласманот за слалом, Хиршер му бега 90 бода на Швајцарецот Даниел Јуле.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА