Сласк и Тобол во трката за Тодор Тодороски

Десниот бек и повремен репрезентативец на Македонија, Тодор Тодороски зимава ќе има нов клуб. Откако си замина од романскиот тим Политехника Јаши, се најде на „радарот“ на неколку клубови.

Прво се шпекулираше со негово враќање во Вардар, но таа опција отпаѓа затоа што сака да продолжи да игра во странство.

Така сега за неговиот потпис се заинтересирани полскиот Сласк Вроцлав и казахстански Тобол. Од играта отпадна Неа Саламис од Кипар, поради разделбата со Чедомир Јаневски.

Се вчитува...