Енис Барди имаше момент на слатка одмазда во Купот на Турција откако македонскиот капитен стрелаше за Бодрумспор на гостувањето против својот поранешен клуб Трабзон.
Фудбалерите на Трабзон први поведоа, Бодрум експресно израмни, а потоа на сцена стапи Барди, кој со силен удар од десетина метри ја „скина мрежата“ на домашниот голман, носејќи водство на својот нов клуб.
Барди никогаш не доби вистинска шанса во континуитет за да ги покаже своите квалитети во дресот на Трабзонспор. Управата на клубот на крајот реши да го отстрани македонскиот плејмејкер од своите редови, забранувајќи му и да тренира со првата екипа, за тој на крајот да си замине од Трабзон и да потпише за Бодрумспор.
GOAL: Enis Bardhi
Trabzonspor 1-2 Bodrumpic.twitter.com/yFNvUfsDiM
— Goals Xtra (@GoalsXtra) April 2, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА