Слатка победа: Георгиевски го доби Гркот Ангелополус во „Президент Купот Г2”

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски со победа го отвори овогодишното издание на „Президент Купот Г2” кој се одржува во Тирана откако славеше со 12-11 над Гркот Спири Ангелопулос во втората рунда.

Следниот предизвик на Македонецот ќе биде подобриот од двобојот помеѓу Казахстанецот Бауиржа Касенов и Французинот Ел Омар.

Доколку стигне до финалето, Георгиевски може да има шанса да му се одмазди на Русинот Ларин Владислав за поразот во финалето од Летните олимписки игри.

Се вчитува...