Еурофарм Пелистер го совлада составот на грчки АЕК убедливо во последниот натпревар во Лигата на Европа, и се зацврсти на втората позиција на табелата. Во битолскиот „вулкан“, Грците добро се држаа само во првиот дел, кога Еурофарм дојде до предност од два разлика, а во вториот дел со две добри серии стигнаа до убедлив триумф (30-19).
Само на почетокот имаше доза на неизвесност, а потоа откако Еурофарм Пелистер се одлепи на +3, го диктираше темпото и само постепено ја зголемуваше разликата, за на крајот триумф со највиски 11 разлика.
Најголемата разлика во првиот дел изнесуваше +3, а АЕК секогаш се враќаше во игра, и доаѓаше до еден разлика. На крајот од првиот дел се замина со 10-8 за битолчани.
Во вториот дел целосна експлозија на Еурофарм Пелистер. АЕК добро се држеше само во првите минути, а потоа после серијата од 5-0 за домашните, беше 17-10. Токму оваа серија беше клучна за победата, после која Грците никако не можеа да се вратат. Во текот на вториот дел Еурофарм Пелистер направи уште една серија од 4-0, за 27-17. Крајот беше само формалност во кој Еурофарм дојде и до +11, а во финишот имаше шанса и за +12, но не искористи зицер.
Најефикасен на натпреварот беше Мандалиниќ со седум голови, по шест постигнаа Табоада и Божиќ-Павлетиќ. Тониацо кај АЕК постигна седум, но немаше поддршка од другите соиграчи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА