Слатката одмазда на Горазд Михајлов (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Горазд Михајлов повторно се врати на арената „Тодор Проески“ но овој пат со слатка одмазда за својот Вардар, триумфирајќи со 0-1 сега како шеф на стручниот штаб на АП Брера.

Михајлов веднаш на стартот од новата сезона се раздели со Вардар, по доаѓањето на новите раководни структури во клубот, и покрај тоа што минатата сезона, во една од најтешките години на клубот кога се одржуваше само согласно инцијативата на „Комитите“ токму Михајлов успеа да го носи кон опстанок во прволигашкото друштво.

Сега, македонскиот стратег очекувано не ја криеше радоста за победата на АП Брера која со овие три бода полека се двои од последните три позиции на табелата…

 

 

Се вчитува...