Германскиот репрезентативец Џонатан Тах, еден од клучните фудбалери на Баер Леверкузен потврди дека на крајот на сезоната заминува од клубот и тоа со истек на договорот по што може слободно да ја бира новата средина.
„Се беше јасно од самиот почеток. Во еден момент донесов одлука дека нема да го продолжам договорот и нема да останам тука. Тоа и понатаму е така“, изјави Тах.
За еден од најдобрите германски стопер постои голем интерес од најголемите европски гиганти. Барселона, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд и Челси се подготвени да му понудат богатство за ангажман па останува на него да одлучи за најдобрата опција.
Тах е дел од Баер Леверкузен од 2015 година каде се пресели за 7.5 милиони евра. Оттогаш се наметна како незаменлив дел од тимот настапувајќи на 398 натпревари закитувајќи се со титулите во Бундеслигата, Купот на Германија и тамошниот Суперкуп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА